Вечни Боже и Царе на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја,…
Вечерни молитви
Воведна молитва
Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин. Господи Исусе Христе, Сине Божји, помолитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши и на сите светии, помилуј нè. Амин. Слава Ти, Боже наш, слава Ти! (Прочитај ја молитвата кон Пресвета Троица – Трисвето на стр. 10) Помилуј нè, Господи, помилуј нè. Не наоѓаме никакво оправдување ние грешните, но како на Владика Ти ја принесуваме оваа молитва: Помилуј нè. Слава Ти, Боже наш, слава Ти! Господи, помилуј нè, на Тебе се надеваме. Не гневи се многу на нас и не спомнувај ги нашите беззаконија, туку и сега милостиво погледни и избави нè од нашите непријатели, зашто Ти си нашиот Бог, а ние сме Твои луѓе. Сите сме дело на Твоите раце и кон Тебе се обрнуваме, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. Благословена Богородице отвори ни ги вратите на милосрдието, за да нè пропаднеме ние коишто се надеваме на Тебе, но со Тебе да се избавиме преку тебе од беди, зашто Ти си спасение на родот христијански. Господи помилуј! (Дванаесетпати)
Поврзани молитви
Седржителу, Слово на Отецот, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не оддалечувај се од мене,Твојот…
1 Господи, небесен Царе, Дух на вистината, смилувај се на мене и помилуј ме мене грешниот Твој слуга, прости ми, мене недостојниот, сè што сум Ти згрешил…