Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин. Господи Исусе Христе, Сине Божји, помолитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши…
Вечерни молитви
Молитва кон Господа Исуса
Што да Ти принесам и како да Ти благодарам, штедар Дарителу, Цару бесмртен и човекољубив Господè Јас сум мрзлив да ја извршам Твојата волја; ништо добро не сум направил, а Ти ме доведе до крајот на денешниов ден, промислувајќи за обраќањето и спасението на мојата душа. Биди милостив кон мене грешниот и, макар што сум лишен од секакво добро, издигни ја мојата падната душа, осквернавена од безбројни согрешенија. Изгони од мене секаква лукава мисла за земен живот, прости ми ги, единствен безгрешен Боже, согрешенијата што ги направив денес, свесно или несвесно, со зборови, дела, помисли и со сите мои чувства. Закрилувај ме и варди ме од секаков непријателски напад со Твојата божествена сила и со неискажливото човекољубие. Очисти ме, Боже, очисти ме од многубројните гревови. Благоволи, Господи, да ме избавиш од мрежата на лукавиот, спаси ја мојата страдна душа кога ќе дојдеш во слава, осени ме со светлината на Твоето лице. Сега дај ми да заспијам неосудено и без мечтателен занес, зачувај ја незаблудена мислата на Твојот слуга, изгони го од мене секое сатанско дејство, просвети ги разумните очи на моето срце, за да не заспијам во смртен сон. Испрати ми го ангелот на мирот, пазителот и учителот на мојата душа и на моето тело да ме избави од непријателите, да станам од постела и да Ти принесам благодарствени молитви. Откако ќе станам од сон, дај ми да се поучувам од Твоето слово и преку Твоите ангели прогонувај ја од мене малодушноста, која доаѓа од бесовите, та да го благословувам и прославувам Твоето свето име, да ја славам Пречистата Богородица Марија, Која е застапница за нас грешниците. Послушај ја Неа, Таа се моли за нас, знам дека е човекољубива како и Ти и не престанува да се моли за нас. Со нејзина помош, со знакот на чесниот Крст и поради молитвите на сите Твои светии, сочувај ја мојата бедна душа, Исусе Христе, Боже наш, зашто си свет и прославуван во вечни векови. Амин.
Поврзани молитви
Вечни Боже и Царе на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја,…
Седржителу, Слово на Отецот, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не оддалечувај се од мене,Твојот…