Вечерни молитви

Молитва кон Господа Исуса Христа

Господи, не лишувај ме од Твоите небески блага. Господи, избави ме од вечните маки. Господи, ако сум згрешил со ум, со мисла или со дела, прости ми. Господи, избави ме од секакво незнаење и заборавност, малодушност и скаменета бесчувственост. Господи, избави ме од секакво искушение. Господи, просвети го моето срце помрачено од лоши желби. Господи, јас како човек, згрешив, а Ти, како милосрден Бог, гледајќи ја слабоста на мојата душа, помилуј ме. Го­споди, испрати ми ја на помош Својата бла­годат, за да го прославам Твоето свето име. Господи Исусе Христе, запиши ме мене, Твојот слуга, во Книгата на животот и дарувај ми добар крај. Господи, Боже мој, иако не сум направил никакво добро пред Тебе, по Твојата милост, дај ми да направам добар почеток. Господи, ороси го моето срце со росата на Твојата благодат. Господи на небото и на земјата, спомни си во Твоето царство за мене грешниот, бесрамниот и нечистиот Твој слуга. Господи, прими го моето покајание. Го­споди, не изоставај ме. Господи, неоставај меда паднам. Господи, дај ми да мислам до­бро. Господи, дај ми солзи, скрушеност и да си спомнувам за смртта. Господи, дај ми да мислам за исповедување на моите гревови. Господи, дај ми смирение, целомудреност и послушност. Господи, дај ми трпение, великодушност и кроткост. Господи, насади го во мене коренот на добродетелите; стравот Твој – во моето срце. Господи, удостој ме да Те сакам со сета моја душа и помисла и во сè да ја извршувам Твојата света волја. Господи, закрилувај ме од лоши луѓе, од бесови и страсти и од секаква друга неприлична работа. Господи, Ти правишсè што сакаш, нека биде Твојата волја и во мене грешниот, зашто си благословен во вечни векови. Амин. МОЛИТВА КОН ГОСПОДА ИСУСА Господи Исусе Христе, Сине Божји, заради молитвата на Твојата Пречиста Мајка и по молитвите на Твоите бестелесни ан­гели, на Твојот пророк, претеча и крстител, на пророците, апостолите, светителите, мачениците, преподобните и богоносни отци и сите светии, избави ме од сегашното мое бесовско притеснение. О, Господе мој иСоздателу, Ти не ја сакаш смртта на грешникот, туку сакаш да се врати и да биде жив; дај ми и на мене грешниот, недостојниот и несреќниот да се обратам. Истргни ме од устата на сатаната, кој сака да ме голтне и жив да ме вовлече во пеколот. О, Господе мој, Утехо моја! Ти, поради мене несреќниот, се облече во гнилежно тело, избави ме од оваа тешка положба и утеши ја мојата душа. На­сади во моето срце волја, за да ги исполнувам Твоите заповеди, да ги оставам лошите дела и да ги добијам Твоите блаженства. На Тебе, Господи, се надевам, спаси ме.

Поврзани молитви

Воведна молитва

Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин. Господи Исусе Христе, Сине Божји, помолитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши…

Молитва кон Господа

Вечни Боже и Царе на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја,…

Молива кон Господа Исуса

Седржителу, Слово на Отецот, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не оддалечувај се од мене,Тво­јот…